Со кацига на глава и пиштол ограбена продавница во Скопје
Објавено во: Македонија 22 Јули, 2017
Крадец со кацига на глава и вооружен со пиштол ограбил продавница утринава во Скопје.
Во 06 часот и 29 минути утрово, во Единица за информирање и команда-Скопје, пријавено е дека на булеварот „Св.Климент Охридски“ во Тобако „Буги“, бил ограбен продавачот. Полицијата информира дека непознато лице со кацига на главата, кое било со веспа, со закана со пиштол го ограбило вработениот А.А.
Крадецот одзел неутврдена сума пари од дневниот промет и избегал.
Се преземаат мерки за негово пронаоѓање.