Со каква прогноза излезе ММФ за глобалниот економски раст?
Објавено во: Економија 22 Јануари, 2018
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги подобри прогнозите за економскиот раст на глобално ниво за оваа година и следната.
Се предвидува поголема стапка на растот од преходно очекуваната.
Аналитичарите на ММФ ја зголемија прогнозираната стапка на глобален економски раст за 0,2 проценти поени на 3,9 проценти.
„Причина за овие оптимистички прогнози за економскиот раст се очекуваните резултати од неодамнешната даночна реформа во САД“ - изјави економскиот советник и директор за истражувања на ММФ, Морис Обстфелд во пресрет на почетокот на Светскиот економски форум во Давос.
Тој нагласи дека ММФ очекува воедначен економски раст во повеќето држави од светот, кој во некои земји од Европа и Азија би можел да има „изненадувачи размери“.
На Светскиот економски форум во Давос, кој почнува утре и ќе трае до 26 јануари, ќе учествуваат светски лидери, претставници на политичката и економската елита, а првпат по речиси две децении на него ќе присуствува и актуелниот американски претседател, Доналд Трамп.