25 Април, 2024
0.0349

Со кого се сретна и што разговараше во САД иницијаторот за реформи во ВМРО-ДПМНЕ Александар Михајлоски?

Објавено во: Македонија 14 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Членот на Иницијативата за внатрепартиски реформи во ВМРО-ДПМНЕ, Александар Михајлоски, е во еднонеделна посета на Вашингтон, Соединетите Американски Држави каде има работни состаноци на високо ниво со претставници на Сенатот во САД, Конгресот и Стејт Департментот на САД.

Во текот на вчерашниот ден, Михајлоски, оствари средби со високи членови на Сенатот и Републиканската партија на САД. На состаноците со советниците на Сенаторот Џон Меккејн, Конгресмените Пол Мичел, Ренди Вебер, Доналд Бејер, Том Марино, Адам Смит, Патрик Тибери, Стив Стајверс и Робин Кели, како и високи претставници во Стејт Департментот, при што беше разговарано за актуелните политички случувања во Република Македонија и за активностите на Иницијативата за внатрепартиски реформи во ВМРО-ДПМНЕ. 

На сите средби што остварив во Вашингтон со официјални претставници на САД, беше разговарано за нашите внатрепартиски процеси кои се со цел демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ и за возобновување на добрите односи со Републиканската партија како наш традиционален партнер. Од страна на нашите пријатели во Соединетите Американски Држави добив силно уверување за натамошно зацврстување на пријателството со Република Македонија и уште поголеми заложби за Евро-Атлантската иднина на Република Македонија. Среќен сум што САД во Македонија препознаваат вистински пријател и сојузник, поради што и дојдовме до заедничка согласност уште повеќе да работиме на продлабочување и унапредување на пријателството и соработката“- вели Михајлоски. 

Михајлоски ги истакна заложбите за унапредување на демократијата во државата и зацврстување на пријателството помеѓу Соединетите Американски Држави и Република Македонија. На соговорниците им беше презентирана Декларацијата „Европско ВМРО-ДПМНЕ за Европска Република Македонија“, а особено се дискутираше за враќање на Република Македонија на Евро-Атлантскиот пат.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“

„СО ПУШКА ДОЈДОА НА ВЛАСТ, СО ПЕНКАЛО ДА ГИ ОТЕРАМЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА“ - Стојанче Ангелов бара општа мобилизација за „Твоја Македонија“