19 Април, 2024
0.0338

Со комбајн берат грозје - замена за 200 работници

Во градот Вршац во Србија грозје берат со комбајн кој заменува 200 работници.

Објавено во: Агробизнис 18 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Овој комбајн има два бункери, собира 2.800 килограми и е опремен за ноќна берба. 

Се берат само зрната грозје, но тоа не го скратува процесот на обработка на грозјето. 

Освен предности, има и маани, така што лозјето мора да биде подготвено за да влезе комбајнот. 

Теренот мора да биде рамен, а лозјето мора да биде закроено и врзано. 

„Основно зошто користиме комбајн е недостаток на каква било, но и на квалитетна работна сила“ - велат сопствениците на лозјата. 

Велат дека сезонци тешко се наоѓаат,и ако им се потребни 400 ќе најдат 200. Сепак за дел од теренот, ќе мора да ангажираат сезонци затоа што комбајнот не може да влезе во секој ред. 

Бербата на грозје во комбајн во Европа е стандардна, а на Балканот е новитет. 










Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари