20 Април, 2024
0.0367

Со молк демонстрантите ќе се борат во Турција

Објавено во: Балкан 19 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Илјадници демонстранти од Истанбул, Анкара, Измир, Анталија, Ескишехир и многу други градови во Турција им се приклучија на „стоечките протести“ против Владата, кои започнаа во понеделникот. Тие протестираат против авторитарната влада на премиерот Ердоган, како и против употребата на сила од полицијата во текот на минатите денови. Акцијата на нем протест ја почна еден турски кореограф, кој со часови стоеше немо и неподвижно на плоштадот Таксим, а кого медиумите го нарекоа „Човекот што стои“. Демонстрантите стојат и го насочуваат својот поглед кон делот на Културниот центар, на кој стои портрет на основачот на Турција, Кемал Ататурк. Демонстрантите побараа од поддржувачите да не провоцираат немири, но повикаа да се бојкотираат сите провладини компании, медиуми, банки и големи синџири на угостителски објекти во следните четири месеци. Исто така, е предложено и турските граѓани да не посетуваат неколку луксузни хотели во околината на плоштадот Таксим, кои ги затворија вратите за демонстрантите при полициската интервенција во паркот Гези. Полицијата, која минатите денови масивно интервенираше со солзавец, засега се држи настрана, но водените топови се спремни за интервенција. Турската  полицијата вчера уапсила до 130 демонстранти, а тие се обвинети за учество во протестите против владата и употреба на сила против полицијата, се вели во медиумските извештаи. Во полициските акции спроведени деновиве  уапсени се повеќе од 600 лица. Во текот на демонстрациите во Турција повредени беа повеќе од 5000 лица, а загинаа 4 луѓе.    

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест