Со нова регулатива до повеќе социјални претпријатија
Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2017
Министерството за труд и социјална политика на денешната дебата најави дека треба да се креира квалитетен Закон за социјално претприемништво во кој ќе учествуваат сите засегнати страни со што треба да се допринесе за отворање на нови социјални претпријатија во Македонија.
Законот за социјалното претприемништво се очекува да ја подобри социјалната слика на ранливите категории. Странските искуства покажуваат дека формирањето на ваков тип на претпријатија придонесува за отворање на нови работни места. Можат да се користат и европските фондови.Веќе има случаи, невладини организации да се трансформираат во социјални претпријатија. Центарот за истражување и креирање на политики денеска додели грантови за 10 социјални претпријатија кои произлегле од невладни организации. Тие ќе добијат по 6 илјади евра. Во Европската унија функционираат околу два милиони социјални претпријатија.