Со пластичен пиштол ограбиле пет обложувалници и осум аптеки
Објавено во: Балкан 15 Февруари, 2018
Двајца мажи од Хрватска и Босна и Херцеговина на возраст од 26 и 36 години се гонат затоа што со пластичен нож и пластичен пиштол ограбиле пет обложувалници и осум аптеки во Хрватска, при што одзеле над 40.000 куни.
Тие заедно од 8 јануари извршиле шест разбојништва, а Хрватот претходно самиот извршил уште шест.
До местата на злосторството доаѓале пеш или со изнајмен автомобил. Постариот осомничен чекал во автомобилот, додека младиот маскиран влегувал во аптеката или обложувалницата и од вработените ги крадел парите заканувајќи им се со пластичен нож или пиштол.
Крадците се уапсени при разбојништво во аптека.