28 Март, 2024
0.0266

Со промоција на културното наследство ќе се развива туризмот на струшкото крајбрежје

Објавено во: Економија 26 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Туризмот на струшкото крајбрежје ќе се развива преку посебна стратегија во која фокусот на промоцијата ќе биде ставен врз културното богатство во овој регион. Стратегијата ја изработија здружението „Ауреола“ од Струга и невладини организации од Република Албанија, во рамките на ИПА-3 компонентата за прекугранична соработка. Според Арбеша Влаши од здружението „Ауреола“ која работеше на подготовка на овој документ, акцентот ќе биде ставен врз привлекување туристи и зголемување на нивниот број, не само за време на официјалната летна сезона, туку и во текот на останатите месеци од годината. „Една од целите на оваа стратегија е како Струга да биде туристичка дестинација и надвор од езерскиот туризам што го има само во јули и август. Како причини за слабата посетеност на градот по завршувањето на летната сезона во стратегија ги наведовме непостоењето инфо-центри и атрактивни аранжмани надвор од туристичката сезона“, објаснува Влаши. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, најголемиот дел од гостите кои ја посетуваат Струга доаѓаат од соседните балканските земји, поради што, промотивни материјали ќе се нудат во повеќе земји, како и на аеродромите во Охрид, Скопје, Приштина и Тирана. „Туризмот ќе се промовира и преку природните ресурси, но примарното место ќе го има културното наследство, Исто така, стратегијата содржи и методолошки начини како успешно да биде спроведена и да даде поголем поттик во развојот на економијата во Струшкиот регион“, додава Влаши. Стратегијата за развој на туризмот е со среднорочно траење од пет години, а беше усвоена и од страна на Советот на општината.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат