20 Април, 2024
0.0719

Со првиот револуционерен тест PHI-Prostate Health Index за детекција на канцер на простата ќе се избегнат многу непотребни биопсии

Објавено во: Мои пари 21 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Ракот на простата е малигнитет на една од најголемите машки полови жлезди, а во последниве години е најчесто дијагностицирано малигно заболување кај возрасните мажи. Бројот на заболени во Македонија е во пораст, додека свеста за навремени прегледи е многу мала.

Експертите од Биотек Лабораторија зборуваат за причинители и симптоми на ракот на простата, негово дијагностицирање и што е тоа што Биотек Лабораторија го нуди со новиот револуционерен тест и е поразлично од останатите специјализирани лаборатории. БИOTEK лабораторијата е прва приватна специјалистичка лабораторија направена по водечки светски стандарди и опремена со најсовремена технологија и реагенси од областа на молекуларната, микробиолошката и биохемиско–имунолошката дијагностика.

1.  Колку често се јавува карциномот на простата и кои се ризик факторите за негова појава?

Годишно од болеста, која е на второ место по смртност кај мажи, заболуваат околу 70 нови мажи, а дури 90% се откриваат во доцна фаза кога потполно излекување е речиси невозможно. Најчесто првиот симптом на рак на простатата е тешкотија при мокрење, но не секогаш е и последица на рак. Иако ракот на простата најчесто расте многу бавно, може да биде агресивен, посебно кај помладите мажи. Постојат неколку познати ризик фактори, меѓу кои и возраста (поголем ризик кај мажи над 55 години), фамилијарна историја на болеста, масна исхрана. Мажите со високо ниво на тестостерон исто така, можат да имаат зголемен ризик за развој на рак на простата. Кога туморот е веќе зголемен и во подоцна фаза, постојат следниве симптоми: слаб проток на урина, зачестено мокрење, болка или чувство на печење при мокрење, крв во урината, постојана болка во долниот дел на грбот и колковите, болна ејакулација.

2.  Како најчесто се детектира канцерот на простата?

Ракот на простата во рана фаза многу често не покажува никакви симптоми, па болеста не се открива се додека пациентот не направи рутински скрининг преглед. Дијагнозата на ракот на простатата може да се направи со користење на некои од следните тестови: дигитален ректален преглед (DRE), трансректален ултразвук, одредување на простата специфичен антиген (PSA). Ако постои сомнеж за рак, многу пациенти се одлучуваат на биопсија на простатата. Тоа е болна и инвазивна метода со која се отстранува мал дел од ткивото на простатата со помош на игла. Овој примерок се проверува под микроскоп за присуство на канцерогени клетки.

3.  Што е PHI и зошто оваа анализа е толку важна и револуционерна?

PHI-Prostate Health Index е нов тест со софтверски протокол за детекција на канцер на простатата кој овозможува избегнување на биопсија. PHI e нова формула базирана на алгоритам изведен од резултатите на трите најнови тестови за дијагностика на канцер на простата: Hybritech PSA, Hybritech free PSA и Hybritech p2PSA. Софтверскиот алгоритам автоматски ги калкулира добиените резултати со сложена формула ((-2) pro PSA/free PSA) x vPSA). Светската здравствена организација го признава PHI како насока кај пациенти со висок PSA над 4ng/ml за избегнување на непотребни инвазивни методи. Резултатите се брзи и точни и претставуваат најсовремен водич на лекарот, уролог во понатамошниот третман на пациентот.

4.  Зошто PHI е подобар од скринингот со PSA?

Одредувањето на простата специфичен антиген (PSA) е една од најчестите скрининг методи за канцер на простата. Kанцерот на простата предизвикува промени во структурата на жлездата што доведува до “истекување” на PSA во циркулацијата. Но зголемена концентрација на PSA може да се јави од не-канцерозни состојби, како што е бенигната простатична хиперплазија. Исто така се детектираат и голем број на  споро растечки тумори кои може да перзистираат долги години без субјективни здравствени тегоби. Скринингот со PSA направи драстична редукција на дијагнозата на канцер и метастатски промени, но стана лимитирачки специфичен и контроверзен заради доста лажно позитивни резултати и непотребни биопсии, како и детекција на некои “троми” тумори кои не се опасни по животот на пациентот.

5.  Многу мажи со покачени вредности на PSA се одлучуваат за биопсија на жлездата, иако многу често е непотребна. Кои се ризиците и последиците од биопсијата?

Биопсијата е болна и инвазивна метода. Секоја биопсија на простата вклучува ризик резултатот да биде негативен. Се смета дека само 25% од биопсираните пациенти имаат канцер. Тоа е добро, но биопсијата носи несакани последици и ризици како инфекција, крварење, треска, уринарни проблеми, болка. Погрешната дијагноза и оперативен третман  често се причина за оштетувања како: еректилна дисфункција, уринарни и цревни проблеми и сериозни хируршки компликации.

Со овој тест може да  се избегне непотребната биопсија со што пациентот не се изложува на потенцијалните инфекции и компликации.

6.  Која е предноста на овој тест кај суспектни пациенти, во однос на инвазивната биопсија?

Bеckman Coultar PHI e дизајниран да му помогне на лекарот да го идентифицира секој пациент со примена на сеопфатен пристап за проценка на ризик. PHI овозможува спојување на сензитивност (способност за детекција на канцерот) и специфичност (можноста за избегнување на лажно позитивни резултати), донесувајќи информирана и урамнотежена одлука дали да се предложи биопсија или не.

7.  Дали овој тест е одобрен од Светската здравствена организација и колку е застапен во развиените земји?

Да, Светската здравствена организација го одобри револуционерниот алгоритам на Beckman Coulter PHI - Prostate Health Index како директива за ДА ИЛИ НЕ БИОПСИЈА.Овој тест исто така има и ФДА одобрување и е ставен во протоколот на Европскиот водич за уролошки испитувања. Заради неговите предности со кои се карактеризира како едноставна и неинвазивна метода, овој револуционерен тест успешно се користи во многу клинички центри и лаборатории ширум светот, а сега е достапен и во нашата земја.

8.  Каде може да се направиоваа анализа?

Единствено во Биотек Лабораторија се изработува оваа анализа преку крв.Самиот тест комбинира 3 високо софистицирани тестови hybritech free PSA, hybritech p2PSA hybritech PSA. Jавете се и закажете веднаш+389 (0)2 311 2464; 078/492-294, или пак закажете термин онлајн на http://bioteklab.com.mk/termin.asp.

Можеби ќе ве интересира

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни