Со што новинарите го налутија Вучиќ во Загреб?
Објавено во: Балкан 13 Февруари, 2018
Српскиот претседател, Александар Вучиќ во Загреб на инсистирањата на новинарите да одговори директно дали жали за својата изјава од времето на воениот конфликт во 1995 година дека градот Глина „никогаш нема да биде хрватски“, српскиот претседател видно лут, избегна да даде директен одговор.
„Мерката на вашата подршка, почитување, за љубовта е директно пропоционална со понизноста која ја очекувате од некого кој би дошол меѓу вас. Таков вид на понизност, страв или потреба да ви се додворувам никогаш нема да видете“- рече Вучиќ.
На повеќе пати поставено прашање за изјавата во Глина, која се наоѓа на 20 километри од Вргинмост, Вучиќ одбегна директно да одговори и изјави дека Србија и Хрватска освен 36 километри од граничната линија на Дунав „немаат други спорови околу границата“..
Тој во расправата со новинарите изјави дека и куќите на наговото семејство во Ќипуличи кај Бугојно се запалени во војната.
„Ме прашавте ли кој ги запали? Нема понизност од мене да видите“ - изјави тој.
Вучиќ во Глина во 1995 година имаше жесток говор пред локалните Срби во својство на функционер на Српската радикална партија (СРС), при што порача дека Србите нема никој да ги истера и дека во градот „никогаш нема да дојде усташката власт“.
„Ниту Глина, ниту Банија нема да бидат хрватски“ - рече тогаш Вучиќ.
Српскиот претседател дводневната посета на Хрватска ја заврши со присуство на Собранието на Српското народно собрание во Загреб, на кое присуствуваше и хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ.