25 Април, 2024
0.0266

Современа комуникација во воздушниот сообраќај

Со сигурен, модерен и ефикасен систем за комуникација до поголема безбедност

Објавено во: Мои пари 27 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Контролорите во контрола на летање имаат витална улога во безбедноста на воздушниот сообраќај, но клучен фактор кој придонесува за поголема сигурност во нивнатасекојдневна работа е системот за гласовна комуникација.

Контролата за летање преку својот систем за гласовна комуникација, што се одвива на релација воздух – земја и земја – земја, помеѓу авионите или со соседните центри за летање, ја гарантира безбедноста на целиот лет, но и на населените места. Ова подеднакво се однесува цивилното, спортското и военото воздухопловство и мора да биде овозможено од опрема со голема сигурност којашто е достапна 24 часа, 7 дена во неделата, 365 дена во годината.

На глобално ниво се повеќе се усовршуваат системите за контрола и за комуникацијаво авиосообраќајот.  Ефикасен, соодветен и модерен систем за комуникација придонесува  за што поголема безбедност во авиосообраќајот.


М-НАВ, македонскиот провајдер за воздухопловна навигација е во процедура за избор на најсофистицираниот систем за комуникација помеѓу контролата на летање во Скопје и леталата кои полетуваат и слетуваат во Македонија, но секако и за комуникација со сите летови кои ја прелетуваат нашата земја. Систем што моментално се користи и е инсталиран на Солунска Глава и на два македонски аеродроми, е веќе застарен и потребна е негова замена со современ, ефикасен и адаптабилен систем. Искуствата од другите земји покажале дека најважно е да се имплементира систем и технологија со интернационални стандарди и секогаш со цел поголема безбедност за сите летови.

Набавката на нов, оперативен и високо-ефикасен систем за контрола на летање ќе придонесе за поголема интероперабилност со соседните држави и поголем квалитет во контролата на воздушниот сообраќај што се базира на сигурни и напредни методи.  Воедно, контролата на лет соодветно на зголемувањето на обемот на авиосообраќајот како и целосната софистицираност на овој вид траснпорт, треба да исполнува извесни стандарди и да одговори на побарувањата на релевантните аеродромски правилници во однос на безбедноста.

Со цел да обезбеди интероперабилност, новиот комуникациски систем ќе го поддржува таканаречениот концепт „виртуелен центар“, којшто обезбедува флексибилност во оперативноста во зависност од тековниот број на летови. Слична програма под иницијативата „FAB – Functional Air Block" веќе се користи меѓу аеродромите во Романија и Бугарија (“FABDanube”) како и помеѓу Еуроконтрол и Франција (“FABEC – FABEuropeCentral”).Партнерите во рамките на овие програми поставуваат витална пресвртница за визијата наречена Единствено европско небо, избирајќи индустриски партнери со докажана експертиза во националните и меѓународните програми за модернизација на контролата на воздушниот сообраќај. Таквите програми им овозможуваат на авиокомпаниите да заштедат на трошоци поради флексибилните рути на нивните летови и да им овозможат на провајдерите на воздушна навигација, како М-НАВ да обезбедат најдобра услуга за своите клиенти. 

Можеби ќе ве интересира

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив