24 Април, 2024
0.0356

Со Ски Центар на Галичица се заокружува комплексот на Субрата Рој!

Објавено во: Економија, Македонија 04 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Државната компанија за пренос на електрична енергија МЕПСО, ќе потроши нешто повеќе од  325 илјади евра за изработка на физибилити Студија и Мастер план за развој и изградба на скијачки центар во Националниот парк Галичица. Студијата и планот ќе го изработат хрватските фирми “Хорват и Хорват Консалтинг” и “Ecosign Mountain Resort Planners Ltd”, кои како група понудувачи како единствени што доставиле понуда, го добиле тендерот. Според информации од Бирото за јавни набавки, освен изработката на физибилити студијата и мастер планот, двете компании се должни во рок од 18 месеци да извршат архитектонски и инженерски услуги , услуги за просторно планирање, уредување на земјиштето, испитувања и анализи. Студијата и мастер проектот  треба да ја покажат можноста за реализација, исплатливоста на оваа инвестиција како и потребните финансиски средства за изградбата на скијачкиот центар, но и степенот на опасност за ендемскиот растителен и животински свет при евентуалната изградба на центарот. На почетокот на годината, охридскиот градоначалник Александар Петрески и Хотелската асоцијација на Македонија, неколкупати излегоа со предлози и идеи за реализацијата на овој проект. Тогаш хотелиерите предложија скијачкиот центар да има девет патеки за посетителите во должина од 12 километри, пет ски-лифта во должина од 4,5 километри и два објекти. Според нивните проценки финансиската конструкција би изнесувала 2,84 милиони евра. Потоа  градоначалникот Петрески предложи да се изгради жичница од хотелот “Десарет”, до излетничкото место Корита, во должина од 6 километри. Но засега сите предлози се само во форма на идеја, се додека не се изработи студијата, потребната документација за целиот проетк, а потоа да се избере и најповолен изведувач кој би го градел ски-центарот. Сноуборд паркови на Пониква и во Крушево На МЕПСО не му е прв пат да се зафати со вакви проекти. Компанијата во откомври годинава склучи договор со фирмите “Енерго систем” и “Суфаг спорт унд- фрајцајтанланген ГМБХ” за изградба на сноуборд паркови на скијачките центри Поиниква и во Крушево. Во овие два  прокти МЕПСО инвестираше над 2,6  милион евра. Компаниите се должни во рок од една година, целосно да ја изградат комплетната инфраструктура и да ја инсталираат опремата. Парите за сите овие инвестиции како што пред неколку месеци  изјавија од компанијата, се обезбедени до досегшаното работење, а причината поради која финансираат терени за зимски спортови го објаснија како нивна општествена одговорност. Галичица-атрактивна инвестициска зона За регионот околу Галичица, летоска се заинтересира и индискиот милјардер и сопственик на компанијата “Сахара Индија Паривер”, Субрата Рој. Тој при посетата, освен за во Охрид, се заинтересирал и за изградба на хотелски комплекси  во регионот на Преспа, поточно од другата страна на Галичица. Тогаш директорот на Дирекцијата за технолошко- индустриски развојни зони, Виктор Мизо, изјави дека со оглед на тоа што се работи за другата страна на Галичица, можно е Субрата Рој да планира да ги поврзе со изградба на ски-центар на планината. Со оглед на местоположбата, Галичица има идеални услови за развој на зимскиот туризам, што би се постигнало со изградба на скијачки центар. Снег има од ноември до мај, а планината има и скијачки патеки. На овој начин Охрид и целиот тој предел, би станал и атрактивна зимска туристичка дестинација, од што бенефит би имала и државата. J.J.

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска