25 Април, 2024
0.0440

Со Усје нема утка, продажбата порасна до 70 милиони евра, добивката е 20 милиони евра!

Објавено во: Економија 29 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Добивката на „Усје“ лани изнесува 20 милиони евра, компанијата нема никакви кредитни обврски, а приходите од продажба се зголемени за 5 отсто до 70 милиони евра

Скопската цементарница „Усје“ 2016 година ја заврши со добивка од 20 милиони евра и со приходи од продажба кои достигнаа 70 милиони евра лани, а се зголемени за 5 отсто во однос на 2015 година, покажуваат официјалните финансиски извештаи што ги објави таа голема компанија и единствен македонски производител на цемент и други гражени материјали.

Вкупниот приход од продажба на крајот на 2016 година изнесува 4,21 милијарди денари (околу 70 милиони евра). На домашниот пазар цементарницата продала производи вредни 3,12 милијарди денари (околу 50 милиони евра) и тоа е пад на продажбата за 2 отсто односно за еден милион евра помалку од 2015 година. Кај извозот „Усје“ бележи солиден раст. Лани пласманите на стоки надвор од земјава ја пробиле вредноста од една милијарда денари и завршиле на ниво од 1,095 милијарди денари што е раст од 30 отсто односно 255 милиони денари повеќе од 2015 година. Залихите на готови и недовршени производи на крајот на 2016 година биле на ниво од 123,7 милиони денари и во споредба со истиот период лани се поголеми за 24 отсто. 

Зголемениот обем на работа ги зголемил и оперативните расходи на „Усје“. Тие се на ниво од 3,14 милијарди денари на крајот на 2016 година и во однос на претходната година се повисоки за 3 отсто односно за 88 милиони денари. Најголем раст има кај најзначајната расходна ставка тоа се трошоците за суровини и други материјали и тие изнесуваат 1,395 милијарди денари што е за 152 милиони денари односно за 12 отсто повеќе од лани. Овој раст е релативно компензиран со намалените трошоци за набавната вредност на трговски стоки и таа ставка лани била 454 милиони денари и е за 69 милиони денари пониска од реализацијата на истата во 2015 година. Намалување на трошоците за 18 милиони денари има и кај расходите за вработени што е намалување за 5 отсто на оваа расходна ставка. И амортизацијата е помала за 30 милиони денари во однос на 2015 година што е намалување 14 отсто. Наспроти овие кастрењеа се зголемување на трошоците за услуги со карактер на материјални трошоци за 69 милиони денари односно за 15 отсто, за 38 милиони денари односно за 72 отсто на останатите трошоци од работењето и за 36 отсто односно за 26 милиони денари на останатите расходи од работењето. Од билансот на успех е важно да се истакне и дека финансиските приходи се зголемени за 15 отсто до 23,3 милиони денари, а финансиските расходи се пониски за 65 отсто до 8,8 милиони денари.

Билансот на состојба покажува дека компанијата не должи воопшто за кредити ниту долгорочни ниту пак краткорочни. Тоа е долгорочна пракса на оваа компанија.

Нето добивката лани е на ниво од 1,2 милијарди денари односно околу 20 милиони евра и тоа е послабо за 5 отсто од 2015 година. Очекувањата на инвеститорската јавност се дека и на претстојното акционерско собрание компанијата целиот износ од добивка, освен делот за законски резерви, ќе го додели како дивиденда. Лани компанијата поделила 1,1 милијарди денари за дивиденди.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди