25 Април, 2024
0.0270

Со успешен референдум мигрантите полесно до швајцарско државјанство

Објавено во: Свет 12 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Швајцарските гласачи на денешниот референдум ги одобрија новите прописи за државјанство, со кои им се олеснува на имигрантите од трета генерација да станат полноправни државјани.

Приврзаниците на новите мерки ги исполнија двата критериума потребни за победа – обезбедија мнозинство гласови од вкупниот број гласачи, и мнозинство гласови во 26 швајцарски кантони, јави швајцарскиот Јавен сервис РТС.

Во претходните 30 години, пропаднаа три обида за поедноставување на правилата.

Новиот предлог предвидува дека на имигрантите од трета генерација овозможено им е да избегнат одредени делови од сложените бирократските процедури.

Ова ќе има директно влијание на оние кои се родени во Швајцарија, чии родители, како и баби и дедовци имале постојан престој во земјата.

Би-Би-Си наведува дека според досегашните прописите ако некое лице е родено во Швајцарија тоа не е гаранција дека ќе добие државјанство.

Оние жители кои не се родени во Швајцарија, обично мораа да чекаат 12 години пред да аплицираат за државјанство. Од нив се бара и да минат повеќе тестови и да направат интервјуа во државни институции, кои можат да бидат скапи.

Приврзаниците на олеснувањето на процедурата сметаат дека е бесмислено да се бара од луѓето кои се родени и цел живот живееле во Швајцарија да мораат да докажуваат дека се интегрирале.

Противниците сметаат дека овие мерки би можеле да доведат до дополнителни чекори, кои на крај ќе им овозможат на сите кои не се државјани на Швајцарија, а ги има околу 25 отсто, лесно да добијат државјанство.


Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек