Со заеднички грант од 4,5 милиони евра ќе се управува Дримскиот басен
Објавено во: Економија 21 Ноември, 2012
Со грант од 4,5 милиони евра за Македонија, Албанија, Грција, Црна Гора и Косово, ќе се заштитува и управува Дримскиот басен. Проектот за заедничко управување , кој предвидува фаза на подготовка од 6-8 месеци и главна фаза за реализација во времетраење од 48 месеци, беше одобрен од Советот на Глобалниот еколошки фонд при Програмата за развој на ОН на последната седница одржана во Вашингтон, а беше поднесен од групата „Дрим-кор“ група и Економската комисија за Европа при ОН (УНЕЦЕ).
Досегашната изработка на овој проект од неколку фази траеше неколку години, а за македонската страна го работеше Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат и член на „Дрим кор“ групата. „Верувам во капацитетите дека проектот ќе биде успешно спроведен затоа што во него ќе учествуваат стручни лица од институции и од граѓанскиот сектор. Сето тоа ќе придонесе да се постигне целта за квалитетно управување на Дрим и езерата и да се оствари бенефит за населението. Лично сум задоволен што идејата и мојата мисија конечно се исполнети“, изјави Паноски.