20 Април, 2024
0.0267

Со закон се уредуваат Автокамповите

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Со законот се уредуваат начинот и постапката за основањето автокамп, постапката за отуѓување на градежното земјиште за таа намена и условите кои треба да ги исполнат корисниците на автокамповите. Целта на законот е развој на туризмот со привлекување странски и домашен капитал за формирање автокампови, образложи заменик-министерот за транспорт и врски Тахир Хани. Автокамп ќе може да се гради на подрачје за кое е донесена урбанистичко планска документација на земјиште сопственост на државата или пак приватна сопственост на правно или физичко лице. Изградбата и изведувањето на работите за основање и работење на автокамп, според предлог законот, е од јавен интерес. Тој член предизвика реакција од опозициските членови на Комисијата кои побараа целосно повлекување на законот. Сметаат дека со третманот на автокамповите како јавен интерес се нарушува уставното право на приватна сопственост на граѓаните. Според Благоја Стојановски од опозициската СДСМ, законот треба да се повлече затоа што нуди можност државата по пат на експропријација да одземе имот на приватно или физичко лице и во случај да сакаат да ја задржи локацијата. – Сакаме да се спречи злоупотребата од која било власт во иднина ако одлучи да одзема приватна сопственост, истакна Стојановски, најавувајќи амандмани во натамошната расправа за законот. Пратеничката од владејачката ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Затуровска, пак, нагласи дека правото на приватна сопственост е загарантирано со Уставот и му порача на Стојановски да не гледа на законот само од еден аспект. – Законот е во насока на развој на економијата, туризмот и нови вработувања и треба да се разгледува од тој аспект. Автокампови имаше и досега, но сега ги ставаме во правна рамка за да може да се уредат состојбите и да привлечеме и странски туристи кои преферираат таков вид туризам, наведе Затуроска. Предложениот закон предвидува земјиштето наменето за автокамп во државна сопственост да се продава преку електронско јавно наддавање, процес што ќе го спроведува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Почетната цена за земјиштето ќе биде евро за метар квадратен. Согласност за објавата издава Владата. Мислење ќе даваат и општините каде е лоцирано земјиштето, а тие добиваат обврска да ја уредат инфраструктурата до автокампот. Парите од продажбата ќе се користат само наменски за потребите на автокамповите. Пред да почне со работа корисникот на автокампот мора да се категоризира. Предвидени се автокампови од прва категорија, со четири ѕвездички, од втора со три, од трета со две и од четврта категорија со една ѕвездичка. Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност се предлага да се изрече за прекршок на физичко лице, доколку врши кампирање спротивно на одредбите на законот. На седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија, поддршка во прво читање добија и измените и дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај. Клучна предложена новина е можноста за трајно одземање на возилата на нелегалните превозници во патниот сообраќај. Тоа е премногу ригорозна мерка, оценија пратениците од опозицијата, кои дадоа поддршка на законот во првата фаза. Меѓу новините е можноста автобуските станици да продаваат возни билети преку електронски систем со електронско плаќање на билетите. Туристичките агенции во рамки на својата дејност за своите клиенти може да купуваат возни билети преку електронскиот систем на автобуските станици. Без расправа Комисијата за транспорт, врски и екологија ги прифати предложените измени и дополнувања на законите за воздухопловство, за железничкиот систем и за внатрешна пловидба, во второ читање.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите