29 Март, 2024
0.0249

Со закон забаранети панталони спуштени на половина задник

Објавено во: Стил 17 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Локалните власти во едно место во Луизијана изгласаа закон со кој се забранува носење панталони спуштени на половина задник.

Иако таквата забрана е противуставна, Законот стапи во сила.

Секој кој ќе го прекрши Законот ќе биде казнет со 35 евра при првиот престап, 80 кога ќе се оглушат од овој закон втор пати и 16 часа општествено-корисна работа доколку „грешката“ се повтори  по трет пат.

- Појавување во јавноста со „истурени“ делови на телото, особено под појасот, спротивно е на општото добро на граѓаните, здравјето, безбедноста... Нема ништо убаво во тоа. Тоа не е „црнечко прашање“, ниту „прашање на балците“ туку работа на добриот вкус, човечко прашање, изјави претставник на градот Теребона.

Пред две години тие „вреќасти“ панталони, односно начинот на кој тие се носат беше забранет во автобусите во Тексас.

Ваквиот тренд на носење панталони почна во американските затвори каде на затворениците не им беше дозволено носење ремени.

На реперите им се допадна тој стајлинг, па го „преземаа“ во 90-тите години.

По повод овој „проблем“ во една прилика се огласи и претседателот на САД, Барак Обама.

- Браќа, кренете ги панталоните. Ви се гледа вешот, а шетате покрај вашите мајки, баби. Што не е во ред? Некои луѓе можеби не сакаат да го гледаат вашиот долен веш, а и јас сум еден од нив, рече Обама.

Сенаторот од Њујорк, Ерик Адамс уште пред три години покрена кампања против таквите панталони и начинот на нивното носење, обраќајќи се пред се на црнечката популација на која и самиот припаѓа.

Цел Бруклин беше тогаш „накитен“ со билборди, од кои ги повикува Афроамериканците да престанат да носат такви панталони.

- Сигурно сме подобри од ова! Забранете ги „вреќастите“ панталони! Кренете ги панталоните, кренете го својот имиџ, беше пораката на сенаторот на билбордите.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи