19 Април, 2024
0.0237

Со жалење пренесени националистичките протести во Грција и прогласот на предавници

Објавено во: Анализа 22 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Грчките медиуми делумно со жалење ги коментираат вчерашните големи протести во Солун против употребата на името Македонија. Протестите одржани од самопрогласени патриоти, популисти и националистички профитери не и носат добро на Грција, ниту на домашен ниту на меѓународен план.

Во период кога има сериозен обид да се дојде до компромисно решение националистичките политичари во соработка со радикалните свештеници од грчката црква излегоа на неразумни протести. 

Македонија веќе е содржана и во несфатливата референца ПЈРМ која е прифатена од Обединетите нации се додека не се најде конечно решение меѓу двете страни за меѓународна употреба. 

Грдото лице на грчкиот национал-шовинизам ги поткопува напорите на владата на Ципрас ако ништо друго барем да одглуми конструктивност во дијалогот дека ете навидум е заинтересирана за наоѓање решение во период на силен притисок на меѓународната заедница за конечно комплетирање на јужното крило на НАТО кое се чини дека е неопходно во моменти на силна конфронтација со Русија и големите поместувања низ источните делови на Европа.

Вчерашниот протест во Солун од граѓаните на северниот дел на Грција кој административно е наречен „Македонија“ е бледа реприза на националистичките протести во 90-тите години кога Република Македонија ја прогласи својата независност. Тоа е закана за левичарските партии во Грција и претставува најава за доаѓање на власт на ултра-националисти кои нема да донесат никаков прогрес за оваа земја освен што ќе продолжи внатрешниот јаз со прогласувањето на предавници и продавачи на националните интереси.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и натаму се обидува да го презентира ставот дека терминот Македонија е сосема разумно да биде дел од конечното решение на спорот за името меѓу двете земји и дека тоа нема да биде предавство на грчките интереси. Сепак, проблеми има и во неговата влада од страна на десничарскиот коалициски партнер особено од министерот за одбрана Каменос кој ја води „Независни грци“. 

Засега десницата во Грција нема официјална реакција за вчерашните грди протести во Солун кои ги разбудија старите духови на Балканот од време на пропагандите и поделбите, додека пак левицата скромно и неконфронтирачки се обидува да ги изнесе своите критики и жалења за ваквата состојба.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза