25 Април, 2024
0.0261

Со заработка од 75 милиони долари Роберт Дауни Јуниор е прогласен за најплатен актер

Објавено во: Стил 17 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

За најплатен актер од јуни 2012 до јуни 2013, е прогласен  48 годишниот Роберт Дауни Јуниор кој заработил околу 75 милиони долари според годишната листа на најплатени глумци на Форбс.

Најголемиот дел од заработката на ѕвездата на серијалот „Ајронмен“ дошол од неговата улога во „Одмаздници“ (Avengers), бидејќи во договорот бил вклучен и процент од нето-заработката на филмот на киноблагајните.

Филмот, кој е трет по заработка на сите времиња, „собрал“ 1.500 милијарди низ целиот свет. Роберт успеал да го победи главниот конкурент 33-годишниот Ченинг Тејтум, кој заработил 60 милиони.

Трет на листата е ѕвездата на „Клетници“ (Les Miserables) Хју Џекмен, кој по успешната година во џеб ставил 55 милиони долари, пред 42-годишниот Марк Валберг со 52 милиони.

Меѓу топ десетте најплатени актери се и Леонрадо ди Каприо, Адам Сендлер, Том Круз, Дензел Вашингтон, Лиам Нисон и Двејн Џонсон.

При составувањето на листата Форбс ги зема предвид хонорарите, учеството во заработката, спонзорствата и рекламите.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган