24 Април, 2024
0.0263

Собата за пушење – новата пасија на богаташите

Објавено во: Стил 12 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Бизнисменот и еден од најбогатите луѓе, Џош Линкенер тврди дека големата сала за пушење во неговиот огромен дом во предградието на Детроит е место за размислување, читање, слушање на музика и пишување. Линкенер кој живее со сопругата и двете деца во куќата со поглед на игралиштето за голф, тврди дека тоа е неговото место за соединување. Тој потрошил 75 000 долари за собата за пушење, каде дел од сумата била за специјален систем за вентилација кој го држи димот далеку од останатите простории во куќата. Линкенер, кои освен пури пуши и луле, вели дека љубовта кон пурите датира од времето кое како тинејџер го поминал со татко му, кој бил пушач и љубител на шахот. „Имав некои многу вредни моменти со него, додека тој пушеше пура и играеше шах“, тврди Линкенер. По се изгледа дека сопствениците на луксузни живеалишта се повеќе се склони кон трошење на десетици илјади долари за да создадат елегантни делови од високата класа каде ќе можат да пушат спокојно. Во преден план при тоа излегуваат и енергетско ефикасните вентилациски системи  (ERV), кои имаат моќни вентилатори, кои го вшмукуваат задимениот воздух од собата. Освен тоа системот внесува и свеж воздух од надвор, како што го лади и суши или затоплува и влажни во зависност од желбата на сопственикот. Таков вентилациски систем чини околу 5000 долари, а во цената влегува и монтажата. Пушалните имаат и други спецификации на дизајнот со кои ги оттргнуваат непријатните миризби од пурите. Дрвените подови се многу по барани во спротивно со килимите бидејки миризбата не влегува во нив. Ѕидовите и таваните се покриваат со дрвена ламперија или други специјални материјали кои ги заштитуваат ѕидовите. Интериерот најчесто е со темни бои за да го прикрие избледувањето кое настанува со текот на користењето поради димот. Најчесто се бираат нијанси на кафеаво за ѕидовите, за да им се даде по топол изглед. Најмногу се бара мебел во кожа, бидејки не собираат мирис. Последниот детал е поставувањето платно на вратата, за да димот не излегува под неа. Лиј Скарлет, претседател на Celtic Custom Homes, тврди, дека создал неколку такви соби за пушење реонот на Фаитевил, Арканзас. Самиот тој си направил таква соба во неговиот дом. Пременувањето на собата во пушална го чинело 20 000 долари од кои 3000 за вентилацискиот систем. Еден од неговите клиенти, 49 годишниот Џим Смит, има иста таква во домот која е во стар англиски стил. Смит времето во неа го минува во читање, седнат пред каминот или гледајки телевизија. Тој вели дека собата за него е бегство од задушното лето и снежната зима. „Сакав да имам место, каде можам да изпушам една пура во пријатна атмосфера и да можам да го правам тоа во текот на целата година“, тврди тој. Инвеститорот во недвижности Џеф Картер создал своја соба за пушење во огромниот дом со шест спални и седум бањи во Сан Антонио. Собата е модерна, со кродилски дезен по ѕидовите. Освен тоа располага и со два кожени столови, округла масичка за кафе со кристален пеплник и пури. „Сите пријатели едноставно сакаат да дојдат, затоа што не можат да поверуваат дека си имаш соба за пушење во својата куќа“, вели Картер.   K.K

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган