Соботка: Да спречиме дезинтеграција на интегрирана Европа
Објавено во: Свет 24 Октомври, 2016
Чешкиот премиер Бохуслав Соботка изјави дека движењата кои се против европската интеграција и традиционалниот партиски систем, имаат влијание во Европа.
Вели дека социјалдемократите треба да реагираат на стравовите на луѓето, пишува Prague Daily Monitor.
За време на својот говор на конференцијата на владејачката словачка партија „Насока-социјална демократија" Соботка изјави дека "социјалдемократите треба да ја задржат својата политичка динамика" и предупреди дека има движења кои имаат корист од народното незадоволство и од негативните последици од глобализацијата. Според него најголема опасност пред континентот се "обидите за постепена дезинтеграција на интегрирана Европа".
„Ние треба да реагираме на стравувањата на граѓаните за нивната иднина. Луѓето се плашат од влошената безбедност, од тероризмот и од загубата на својот социјален статус"- изјави Соботка.
Тој додаде дека социјалдемократите треба да го гарантираат просперитетот и безбедноста на луѓето и да ги бранат слободата и либералната демократија. Луѓето се плашат од популисти, олигарси и ксенофобија.