24 Април, 2024
0.0364

Собранието го разреши Марко Зврлевски

Објавено во: Македонија 17 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Со 64 гласа за и ниту еден против, Собранието попладнево го разреши јавниот обвинител, Марко Зврлевски. 

Пред гласањето пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата, затоа што не се согласуваат со одлуката претседателот Талат Џафери да не го прифати мислењето на Антикорупциската комисија дека разрешувањето е незаконско.

Џафери ја отвори осмата седница, а пратеникот Илија Димовски од ВМРО - ДПМНЕ му наведе  дека Антикорупциската комисија доставила мислење според кое евентуално разрешување на Зврлевски би било незаконско.

Џафери на Димовски му соопшти дека единствен барател за автентично толкување на законска норма е Законодавно правната комисија. Џафери вели дека ДКСК може да даде мислење, но тоа не е обврзно. Државен орган кој може да му укине одлука на Собранието е Уставниот суд на Република Македонија.

За разрешувањето на Зврлевски се расправаше со денови. 

Расправата за разрешување на државниот јавен обвинител започна на почетокот на минатиот месец.

Можеби ќе ве интересира

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба