Собранието утре ќе распрaва за симнување на имунитетот на шесте пратеници
Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2017
Собранието за утре во 12 часот ја закажа седницата на која ќе се расправа за симнување на имунитетoт на шест пратеници осомничени за настаните од 27 април.
Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања денеска одлучи да предложи симнување на мандатот на шестмината пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа се пратениците Крсто Мукоски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски и Сашо Василевски.
За симнување на нивниот имунитет потребно е да гласаат 61 пратеник.
Oд ВМРО-ДПМНЕ деновиве обвинија за реваншизам.