Собранието утре треба да гласа за разрешување на Зврлевски
Објавено во: Македонија 16 Август, 2017
Собранието утре треба да гласа за разрешување на јавниот обвинител, Марко Зврлевски.
Расправата денеска заврши откако ВМРО ДПМНЕ ги повлече сите пријавени за реплики и за дискусии. Објаснија дека повеќе не сакаат да учествуваат во незаконска постапка на разрешување на Зврлевски.Тие се повикуваат на мислењето на Антикорупциската комисија, која наведува дека „има законски пречки Владата, Собранието и другите надлежни да именуваат и да разрешуваат лица во државните и јавните институции“.
Расправата за разрешување на Зврлевски траеше 13 дена. Владата бара смена на јавниот обвинител затоа што според нив не ја вршел професионално работата.