25 Април, 2024
0.0295

Собранието расправа за извештајот, главен економски предизвик јавниот долг!

Објавено во: Економија 29 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Пратениците во Собранието во понеделник на пленарна седница ќе расправаат по Годишниот извештај на Европската Комисија за напредокот на Македонија, откако по него се расправаше во повеќе собраниски комисии. Македонија како што е познато ја задржа препораката за почеток на преговори со Унијата, а извештајот за економскиот напредок нотираше од мал и умерен до позначаен напредок во различни области, но остануваат уште многу предизвици. Европската комисија излезе со нешто поостро оценки во однос на јавниот долг на земјава. Се констатира дека тој значително пораснал и дека генерално водењето на фискалната политика и понатаму се влошува. Проблем претставува  и планирањето на среден рок. Брисел смета дека е намалена транспарентноста во државните трошоци. Исто така на креаторите на економската политика им се забележува дека проектирале приходи на нереална основа, мислејќи на првичните владини проекции кои засноваа раст од 4, 5 %.  Растот на јавниот долг според ЕК е главна причина и за зголемениот надворешен долг кој веќе надмина 60% од БДП а можно е тој се уште да расте бидејќи веќе се планирани нови кредити за да се покрие дупката во Буџетот. Еве ги останатите заклучоци: Невработеност: Заклучок – ГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК ЗА ЗЕМЈАТА Мал напредок е постигнат но многу високата невработеност останува голем предизвик, особено во однос на жените и младите луѓе. Социјалниот дијалог е подобрен, но улогата на социјалните партнери треба да бидат дополнително зајакнати. Сиромаштијата е се уште голема и вклучувањето на Ромите, лицата со инвалидитет и другите социјално исклучени лица е ограничен. Дополнителни напори за антидискриминација се потребни. Целокупната административниот капацитет треба значително да се зајакне. Генералнио подготовките во оваа област не се многу напреднати.

Корупција:

Заклучок - ОСТАНУВА ПРОБЛЕМ ЗА ДРЖАВАТА Европската комисја забележала дека, генерално, функционирањето на правниот систем се подобрува но сепак, слабости поврзани со долгите процедури, корупција и тешко спроведување на договорите  продолжува да ја попречува бизнис средина. Следењето на извештаите на Државниот завод за ревизија од страна на Собранието е несоодветно а Брисел исто така нотира недостиг на  владини механизми за да се остранат  нерегуларноститите регистрирани во извештаите на ревизорите. Макроекономија: Заклучок – МАЛ НАПРЕДОК Има мал нов напредок во економската и монетарната политика. Монетарната политика дополнително беше подобрена, поради одлуките на Централната банка. Генерално,  во областа на економската и монетарната политика, земјата е напредната. Финансии: Заклучок – УМЕРЕН НАПРЕДОК Постигнат е напредок во областа на финансиските услуги, особено кај банкарството, осигурувањето и хартиите од вредност. Останува да се постигне усогласување со клучните европски критериуми во областа на финансиската пазарна инфраструктура. Генерално, во областа на финансиските услуги, усогласување со европските криетериуми се умерено напреднати. Земјоделството: Заклучок – ЗАГРИЖУВА АДМИНИСТРАТИВНИОТ КАПАЦИТЕТ Постигнат е одреден напредок во областа на земјоделството и руралниот развој. Потребно е понатамошно усогласување со европските критериуми. Загрижува административниот капацитет во секторот.  Севкупно, подготовките остануваат умерено напреднати. Оданочување: Заклучок - ОГРАНИЧЕН НАПРЕДОК Постигнат е ограничен напредок во областа на оданочувањето.  Потребно е усогласување на националното законодавство со европските критериуми, за да се зајакне борбата против даночните измами и даночно затајување. Севкупно, подготовките во областа на оданочувањето се умерено напреднати. Енергетика: Заклучок - НЕ СЕ ДОНЕСЕНИ СИТЕ АКТИ Постигнат е одреден напредок во енергетскиот сектор, особено во донесувањето на законодавството и неговото спроведување. Сепак голем број на акти сè уште не се донесени. Целосна либерализација на електрична енергија и природен гас допрва треба да се постигне. Забележлив е напредок кај обновливите извори на енергија. Подготовките во оваа област се умерено напреднати. Транспорт : Заклучок - ПОТРЕБНО Е ПОДОБРУВАЊЕ Имаше малку нов напредок во транспортната политика. Во патниот сообраќај имаше одреден напредок во усогласување со европските критериуми, но за безбедноста на патиштата потребно е понатамошно подобрување. Железничкото законодавство треба сеуште да се усогласува со ЕУ критериумите. Севкупно, подготовките во оваа област се умерено напреднати.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст