СОБРАНИСКИ ИГРИ: Опструкции наместо сериозна дебата-ако сакаат пауза од 1 час пратениците ќе го одработат по 18часот
Објавено во: Македонија 11 Јули, 2017
Вчера во собраниските сали се одигра уште еден бурен ден.
Опозицијата и владеачката партија со нови стратегии во Законодавниот дом.
Опозиционерите од ВМРО ДПМНЕ упатија нов услов до своите колеги, да се отвори расправа за измените за Законот за јавнообвинителска служба кои тие го предложија на почетокот на оваа седница минатата недела, а дури потоа да се разговора за разрешувањето на актуелниот јавен обвинител Марко Зврлевски.
Во продолжението на седницата, опозицијата продолжи со процедуралните говори, реплики и контра – реплики.
Од СДСМ пак кажаа дека секогаш кога ќе има збор некој од пратениците кои ги отворија вратите на крвавиот четврток ќе ја напуштаат седницата.
Денес напладне продолжува шестата седница на која ќе продолжи расправата годишниот извештај за работата на Народниот правобранител. По неа следна точка за разгледување е разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.
Спикерот Џафери исто така им најави на координаторите на ВМРО – ДПМНЕ дека за секоја пауза ќе се работи и по 18 часот.