Социјалната помош во Србија веќе нема да биде бесплатна
Објавено во: Економија, Балкан 19 Октомври, 2016
Од средината на следната година, во Србија социјалната помош веќе нема да биде бесплатна, туку граѓаните ќе мора да работат за да ја заработат.
Тие ќе бидат распоредени на различни работни позиции.
Ова го најави државниот секретар во Министерството за труд, Ненад Иванчевиќ. Овие граѓани ќе работат во земјоделство, ќе одржуваат патишта, хигиена, а во меѓувреме ќе учат занает за да најдат во иднина подобра работа.
Околу 175.000 работоспособни луѓе примаат социјално во Србија.
Социјалната помош за семејство со 4 члена е 22.000 динари, а такви има многу во Србија.
Властите увиделе дека со примањето на оваа помош, корисниците многу тешко можат да ги натераат да бидат работно ангажирани.
Унгарија има сличен модел со кој натерала 250.000 корисници на социјална помош да работат.