25 Април, 2024
0.0266

СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО: Европа има бенефити од него, но како да заживее кај нас?

Објавено во: Економија 23 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Социјалното претприемништво како концепт е слабо застапено во Република Македонија. Всушност во Република Македонија сѐ уште не постои правна рамка за социјално претпријатие и аналогно во пракса не постојат социјални претпријатија во вистинска смисла на зборот, вели за Фактор Давид Алексовски, магистер по економски науки. 

Според него, добра вест е тоа што пред неколку месеци е објавен предлог закон за социјално претприемништво од Министерството за труд и социјална политика, кој е отворен за дебата и предлози од јавноста.

Алексовски објаснува дека иако класично социјално претприемништво во Македонија засега  не постои, има неколку успешни примери кои де факто функционираат како социјално претпријатие и успешно остваруваат социјални и хумани цели. 

Со задоволство би сакал да ја истакнам Тераписката заедница „Покров” од Струмица, како заеднички проект на струмичката Епархија и граѓанското здружение „Избор” кои ја имаат креирано првата долгорочна рехабилитациона програма во РМ заснована на природни методи за одвикнување од алкохол, дрога и хазард. Како дел од програмата е развиено земјоделско производство (од кое значаен процент и органско производство) кое организацијата го пласира на пазарот и остварува приходи кои се реинвестираат во програмата и центарот со цел нивно унапредување. Ова значително придонесува за долгорочен опстанок и финансиска оддржливост“- додава тој. 

Во рамките на ИПА проектот за промоција на социјалното претприемништво „Преминување кон онлајн и офлајн претприемачка заедница” спроведуван  од граѓанското здружение Центар за интеркултурен дијалог од Куманово, во чија имплементација Алексовски учествува, при посета на соседна Бугарија видел дека таму социјалните претпријатија добро функционираат. 

На една проектна студиската посета во градот Ќустендил имав можност директно да се запознам со работата на неколку успешни социјални претпријатија (народна кујни, народна перални) и може да се заклучи дека овој концепт прилично успешно се применува во соседна Бугарија. Постојат неколку програми за финансирање и помош на вакви претпријатија кои што ги нудат механизмите на ЕУ и во соработка со граѓанските здруженија кои веќе работат во ова поле, многу граѓани може креираат свој профитабилен бизнис и самовработување, а притоа да бидат хумани и да дадат значаен придонес во општествениот живот. Концептот на социјално претприемништво е еден од клучните столбови во стратегијата за економски раст и развој на ЕУ до 2020 година, а со сигурност ќе продолжи да се имплементира и понатаму, затоа што општествените придобивки се огромни. Комисијата на ЕУ за социјални бизнис иницијативи во 2012 година ја промовираше паролата „Нема економски раст и креирање на работни места без социјално претприемништво. Тековно активна е Програмата ИПА- Интерег за прекугранична соработка на Р.Македонија и Р.Бугарија, која нуди можности за промоција и стимулации за формирање на социјални претпријатија во пограничната зона“ - вели Алексовски. 

Смета дека усвојувањето на квалитетен закон и успешната примена на концептот за социјално претприемништво со сигурност ќе донесе многу социјално-економски придобивки како намалување на невработеноста, локален економски раст и развој, заштита на животната средина и намалување на загаденоста.  

„Како што кажува самото име овој вид на бизнис е свртен кон определена социјална, општествено корисна цел- вработување, грижа и поддршка на социјално загрозени лица, лица со посебни потреби, лица со помалку можности, долгорочно невработени лица и слично“ - кажа Алексовски. 

Секое социјално претпријатие според својот статут и дефинирана цел на дејствување е обврзано целиот или поголем дел од профитот да го реинвестира директно во социјалниот бизнис за негово унапредување или во определена социјална цел, градење на центри за деца без родители, стари лица, интеграција на маргинализирани групи во општеството и слично. 

За споредба, белградски „Блиц“ објави дека во Европа социјалното претприемништво вработува 14.5 милиони луѓе, а во Србија само 10.000 луѓе. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?