25 Април, 2024
0.0358

Софијанова: На ниеден родител не му ја кратиме можноста да допре до оној кој е одговорен за здравјето на неговото дете

Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Директорката на Клиниката за детски болести Аспазија Софијанова денеска на панел дискусијата на владеачката партија зборуваше за детската кардиохирургија во земјава правејќи споредби како било во минатото а како е сега.

Според Софијанова овој оддел во здравството во минатото бил научна фантастика а денес претставува реалност.

„Државна кардиохирургија се говорела, се зборувала и никако да започне. За детската кардиохирургија па никогаш не се ни говорело, тоа беше како научна фантастика за овие простори. Меѓутоа можам да ви кажам дека од 2013 година, веќе го имаме проектот за Детската државна неонатална кардиохирургија, што значи дека оние дечиња кои спасот го наоѓаа таму каде што моравме да ги носиме по другите држави. Jас се сеќавам дека бев дел од тие носења на децата во соседни држави, брзање, трчање по спасување на нивниот живот, денеска е реалност и овде кај нас. Веќе кон крајот на оваа година 200 дечиња се оперирани успешно во оваа држава и целиот тој проект заедно со Детска кардиохирургија претставува реалност на овие простори“, изјави Софијанова.

Меѓудругото таа додаде и дека е посебно благодарна, бидејќи се што се однесува во корист на детето е нивна основна улога. 

„Секој денес може да дојде до лекарот кој му е потребен, точно да се знае кога ќе биде присутен таму. Имаме и приоритетни листи во кои на ниедно дете, на ниедна фамилија, на ниеден родител не му ја скратуваме можноста да допре до оној кој е договорен за неговото здравје, за здравје на неговото дете“, говореше директорката Софијанова.

Можеби ќе ве интересира

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот