Сомнителен маж уапсен во Британија - што подготвувал?
Објавено во: Свет 17 Февруари, 2017
Маж на возраст од 36 години е уапсен синоќа на аеродромот Хитроу поради сомнение дека планира терористички напад.
Детективите на Метрополитен полициската терористичка бригада го потврдиле апсењето на мажот непосредно откако пристигнал на аеродромот. Тој сега се наоѓа во полициска станица во западен Лондон.Портпаролот на полицијата вели дека не знае дали против лицето ќе биде поведена кривична постапка. Додава дека лондонските безбедносни сили интензивно ги следат сомнителните лица и организации, и дека поради тоа веднаш реагираат кога ќе се посомневаат во некој.
Минатиот месец е уапсен и еден 50-годишен маж, кој на истиот аеродром слетал од Каиро, како и еден 29-годишен маж кој од истиот аеродром наводно сакал да отпатува во Саудиска Арабија.