23 Април, 2024
0.0272

Соња Стојадиновиќ: Македонија станува фрагилна под чизмата на оние кои ја сакатеа десет години

Објавено во: Македонија 26 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Уставот, Законот за пратеници и Деловникот на Собранието јасно го регулираат процесот на креирање на нова влада. Секој друг начин кој би ја заобиколил правната рамка која го регулира трансферот на власта е преседан со немерливи последици и ставање на Македонија во групата на земји во кои владее безвластие и безбедносна криза- вели за Фактор, политикологот Соња Стојадиновиќ.

По верификација на мандатите на пратениците во Собранието, вели мнозинската коалиција на пратеници го предлага составот на новата Влада која се изгласува со просто мнозинство од вкупниот број на членови на Собранието. Па оттука за очекување е брзо екипирање на новиот владин состав.

“Со одбивање да му го даде мандатот за Зоран Заев, претседателот Иванов го прекрши членот 90 од Уставот каде експлицитно се кажува дека тој е должен да го даде мандатот на оној што има мнозинска коалиција која е подготвена да направи влада. Исто така тој член наведува дека мандаторот  на Собранието му ги поднесува составот на владата со нејзината програма. Нашите закони и Уставот се јасни во тој поглед и ова е единствен легален и легитимен начин за создавање на нова влада”- објаснува политикологот Соња Стојадиновиќ.  

Како магистар по меѓународна политика  вели дека на патот кон ЕУ и НАТО, Македонија е застаната на новокреирана станица која  ја создаде ВМРО-ДПМНЕ. А, тоа како што вели  е партизиран државен апарат, корумпирано судство, уништен здравствен и образовен систем.

“Поглавјето 23 ги покрива судството и основните човекови права, додека 24 правдата, слободата и безбедноста. И да не се гледаат  препораките на Прибе, самите можеме да заклучиме на кое ниво се нашиот судски систем, правдата, слободата и основните човекови права. Најексплицитниот напад на судскиот систем беше видлив со скандалозното гласање во февруари 2016 година на Уставниот суд со кое член од Законот за помилување прогласи за неуставен и отвори простор за скандалозното помилување кое го направи претседателот Иванов. Прислушкуваните разговори открија корумпирани судии, партиска контрола над нив, директно мешање во судските одлуки и системот од страна на поединци на функција”- додава Стојадиновиќ.

Во текот на пристапните преговори со Европската унија, поглавјата 23 и 24 вели  се клучни за секоја држава кандидат затоа што тие поглавја во текот на преговорите се отвораат и затвораат во согласност со напредокот на земјата кандидат. Ако еден дел од тие поглавја не е усогласен со ЕУ правото или е прекршен, без разлика на напредокот на земјата во другите поглавја, таа нема да добие зелено светло за прием. Целосното имплементирање на правната рамка од овие две поглавја, според политикологот Стојадиновиќ носи владеење на правото кое е клучно за напредок на една држава.

“Луѓето кои ги гледаме на улиците на секојдневните протести на таканареченото движење „За заедничка Македонија„ во мнозинство се луѓе кои работат во јавни и државни институции, кои морале да земат партиска книшка за да добијат работа, трпат секојдневна тортура на работа со закани за отказ ако не дојдат на тие инструирани протести. Без разлика на таа масовност, веќе во јавноста излегоа изјави и пораки преку кои се гледа машинеријата на притисок и насилство на ДПМНЕ. Поделеноста на Македонци симпатизери на ДПМНЕ и уценети граѓани, наспроти сите останати кои се различни од нив (во таа група ги ставам и различните националности) е прва во историјата на независна Македонија. Но, само криминалците кои ќе одат во затвор кога ќе се смени власта, се тие кои сакаат граѓанска криза, а по можност и оружани судири за тие да можат со сила да си ја повратат власта”- потенцира Стојадиновиќ.

Десничарските популистички режими како што вели  често се користат со маипулација со масата измислувајќи надворешни непријатели за да се сврти вниманието од пропаднатата држава. Измислувањето на виновник е една од алатките за дефокусирање и манипулација на јавноста.

“Ваквата реторика е нормална за таквите режими, но крајно опасна затоа што е хушкачка, лажна и може лесно да ја наведе на насилство изманипулираната маса. Демократските вредности во Македонија во последните 11 години на владеењето на ДПМНЕ се запалени на клада како вештерки, затоа што се видени како опасност за режимот. Македонските граѓани се  нападнати од режимски медиуми кои преку манипулација и врискачки наслови ја шират пропагандата и со агресија ги исфрлаат сите останати медиуми кои се борат за вистината на медиумското небо. Тоа е голем удар врз демократските вредности затоа што вистината е исфрлена на буниште. Тие нема да имаат проблем да нападнат граѓански активисти или граѓани од други националности со цел да предизвикаат масовна реакција и насилство. Сите кои сакаме правна држава и крај на режимот треба да не подпаѓаме под провокации и повици за насилство”-порачува политикологот Соња Стојадиновиќ.

Јавноста, како што објаснува  не се дефокусира само со нападите врз СЈО туку и со вештачките протести низ Македонија и манипулацијата дека Албанците сакаат федерализација и албанизација на земјата. На улица се вадат ученици, пензионери и лица вработени во државниот апарат кои мораат да одговорат на порачките.

“Законите кои го регулираат образовниот систем во Македонија јасно ја дефинираат професијата на професорите и директорите на училиштата. Тие се на таа позиција исклучиво за едукација на учениците, а не за ширење на пропаганда и наведување на учениците да губат од часовите за да поддржат протест кој штити криминалци. Одговорност треба да преземат градоначалниците кои ги поставиле директорите на тие позиции, заедно со Министерството за образование”- додава Стојадиновиќ.

Со акции на насилство и напади врз активисти и граѓани од друга националност според неа  може да се наруши безбедноста. Македонија во моментов вели е  многу фрагилна и под чизмата на  оние кои  ја осакатија  за овие 11 години.

“Потребна е солидарност помеѓу граѓаните и непотпаѓање под манипулациите на власта во оставка. Нас не не ограбија сограѓаните Албанци или Срби, туку криминалците од ДПМНЕ кои се борат да не одат во затвор. Нашата иднина е едни со други заедно ама со тие криминалци во затвор”- децидна е политикологот Соња Стојадиновиќ.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу