СОНК најавува радикални мерки ако не се исплатат платите за декември
Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2018
Радикални мерки ќе преземе СОНК доколку вработените во градинките, основните и средните училишта во Чаир, Тетово, Гостивар и Теарце во најкраток временски рок не си ги добијат парите .
Како што соопштуваат од независниот синдикат за образование, наука и култура поради политички причини и судири во општинските совети на горенаведените институции, не се усвоени општинските буџети и не се исплатени плати.
Од СОНК бараат надлежните итно да најдат решение и да ги исплатат платите за декември