Сообраќајка доведе до блокирање на патот Катланово-Велес
Објавено во: Македонија 25 Март, 2017
Сообраќајот на патниот правец А1 Катланово – Велес после наплатна станица Сопот, 500 метри по селото Новачани е во прекин поради сообраќајна незгода, информираат од ЈП „Македонија пат“.
Сообраќајот се пренасочува после наплатната станица Сопот по локалниот пат преку езеро „Младост”. На самото место се екипите на ЈП „Македонија пат“ и сообраќајна полиција и се очекува нормализирање на сообраќајот во најкраток можен рок.