20 Април, 2024
0.0296

Сообраќајката кај велешката патарина ја зеде првата жртва

Објавено во: Македонија 20 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Прва жртва зема попладневната сообраќајна незгода која се случи на  близу велешката патарина.

Во моментов според информации од министерот за здравство Арбен Таравари едно лице им подлегнало на повредите а според порталот сакамдакажам.мк кој се повикува на изјава на Д-р Илир Хасани, управител на Ургентниот центар на скопските клиники се работи за  жената што прва е примена во Ургентен центар на скопските клиники во тешка шокова состојба.

Во врска со хоспитализираните лица во сообраќајката на патот Скопје- Велес министерот информира:

1. На Универзитетската клиника за хируршки болести Св. Наум Охридски, се примени шест лица од кои само еден повозрасен маж е на интензивна нега но е во стабилна состојба. Сите други пациенти се надвор од животна опасност. 
2. Во Општа болница Велес се примени четири пациенти и сите се надвор од животна опасност.
3. Во клиничкиот центар Мајка Тереза донесени се вкупно 17 пациенти од кои четири на КАРИЛ- еден пациент е внесен со абдоминално крварење, еден со торакална сериозна повреда и двајца со торакални повреди. 
За жал, еден од повредените им подлегна на повредите
- Еден пациент на детска хирургија, внесен итно на операција;
- Двајца пациенти на Неврохирургија, примени на обсервација;
- Седум на ортопедија, примена на обсервација;
- Тројца повредени се во моментов на обсервација во Ургентниот хируршки центар.
4. Во Градската болница Осми Септември примен е само еден пациент со сериозни повреди меѓутоа е во стабилна состојба и надвор од животна опасност.

Министерството за здравство упатува сочувство до семејството на починатиот.

Можеби ќе ве интересира

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо