24 Април, 2024
0.0305

Сообраќајна незгода меѓу три возила на АРМ кај Сопот

Објавено во: Македонија 24 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Денеска 30 минути после 12 часот на патарината кај Сопот се случила сообраќајна незгода во која учествувале три возила на АРМ.

Според МВР повредени биле 5 војници кои и се движеле во конвој на редовни вежбовни активности на армискиот полигон Криволак.

Петмина припадници на Армијата на Република Македонија се повредени во сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Велес-Скопје.

На војниците им е укажана лекарска помош во болницата во Велес но не се задржани на натамошно лекување.

Според јавниот обвинител што извршил увид, несреќата се случила кај наплатната рампа на автопатот Скопје – Велес, кога на еден од оклопните транспортери во колоната возила на АРМ му откажале сопирачките, па удрил во оклопен транспортер пред него, кој бил застанат. 

Тој транспортер удрил во друго возило, „ленд ровер дефендер“.

Според извештајот на јавното обвинителство, причинета е незначителна материјална штета, а дежурниот јавен обвинител издал наредба за вонреден технички преглед на моторните возила што учествувале во несреќата.

Можеби ќе ве интересира

„ЗНАМ ИСПИШУВА НОВА ПОЛИТИЧКА ИСТОРИЈА“: Максим Димитриевски вели, ЗНАМ е третата политичка опција во државава

„ЗНАМ ИСПИШУВА НОВА ПОЛИТИЧКА ИСТОРИЈА“: Максим Димитриевски вели, ЗНАМ е третата политичка опција во државава

ДАВКОВА ОДРЖА ПОБЕДНИЧКИ ГОВОР: Ќе ја направиме Македонија пристојно место за живеење, во која ќе владее правото

ДАВКОВА ОДРЖА ПОБЕДНИЧКИ ГОВОР: Ќе ја направиме Македонија пристојно место за живеење, во која ќе владее правото

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски: Научена лекција, но не и пораз

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски: Научена лекција, но не и пораз

„И КОГА ГУБЕА, ЈАС БЕВ ТАМУ, СЕГА СУМ ДОМА“ - реакција на Нора Шаќири по изборите

„И КОГА ГУБЕА, ЈАС БЕВ ТАМУ, СЕГА СУМ ДОМА“ - реакција на Нора Шаќири по изборите

„ЗА СЕКТА, СЕКТАШКИ РЕЗУЛТАТ“: Се огласи и Боки 13

„ЗА СЕКТА, СЕКТАШКИ РЕЗУЛТАТ“: Се огласи и Боки 13

Бујар Османи прогласи победа во Тетово и Гостивар

Бујар Османи прогласи победа во Тетово и Гостивар

НИЗ СКОПСКИТЕ УЛИЦИ СЕ ВЕАТ ЗНАМИЊА НА ВМРО-ДПМНЕ: Со автомобили и свирежи симпатизерите ја слават победата на Давкова

НИЗ СКОПСКИТЕ УЛИЦИ СЕ ВЕАТ ЗНАМИЊА НА ВМРО-ДПМНЕ: Со автомобили и свирежи симпатизерите ја слават победата на Давкова

„ОВА ОДНАПРЕД ЗАВРШУВАЊЕ НА ТРКАТА ГО СМЕТАМ ЗА ПРЕУРАНЕТО“ - Ванковска вели дека тоа ја убива волјата на граѓаните

„ОВА ОДНАПРЕД ЗАВРШУВАЊЕ НА ТРКАТА ГО СМЕТАМ ЗА ПРЕУРАНЕТО“ - Ванковска вели дека тоа ја убива волјата на граѓаните

Драган Ковачки му се заблагодари на Истокот

Драган Ковачки му се заблагодари на Истокот