Сопственикот на Jack Daniel’s го одби сопственикот на „Corona“
Објавено во: Економија 25 Мај, 2017
Компанијата „Constellation Brands“ во чија сопственост е и познатото мексичко пиво „Corona“ дала понуда за преземање на компанијата Brown-Forman која го поседува и брендот виски Jack Daniel’s.
Веста за понудата прв ја објави CNBC повикувајќи се на упатени извори. Цената не е позната, но наводно од Brown-Forman ја одбиле понудата.
Семејството Brown во чија сопственост се мнозинството акции веќе пет генерации претходно јавно порача како не мисли да ја продаде компанијата.
Brown-Forman на берзата вреди 22 милијарди долари, а по објавата на веста цената на акциите паднала 3,8 посто на 54,93 долари.
Од тие компании одбија да ги коментираат пишувањата додека од „Constellation Brands“ порачаа дека не коментираат гласини.