Сорос и MasterCard ќе донираат милиони за помош на бегалците
Објавено во: Свет 19 Јануари, 2017
Милијардерот Џорџ Сорос заедно со платежниот гигант MasterCard најавија формирање на нов хуманитарен фонд кој треба годишно да донира околу 50 милиони долари за помош на бегалците кои се стационирани низ Европа.
Во заедничко соопштение на Сорос и MasterCard посочено е дека бегалците се во најлоша положба па затоа ќе се финансираат социјални проекти со општествена одговорност во правец на нивно помагање.
Претходно Сорос вети и 500 милиони долари од своите фондови кои ќе бидат наменети за бизнис компании и невладини организации кои ќе им помогнат на бегалците самите да се издржуваат, да најдат работа и да обезбедат социјална сигурност и да не бидат на товар на државата во која престојуваат.