Сорос ќе инвестира 500 милиони во бегалците
Објавено во: Свет 20 Септември, 2016
Милијардерот Џорџ Сорос вети дека преку неговата фондација ќе бидат инвестирани 500 милиони долари за помош на бегалците од воените конфликти на Блискиот исток.
„ Ќе инвестираме во стартапи, веќе етаблирани компании, иницијативи со општествен импакти и бизниси креирани од самите мигранти и бегалци. Имаме намера овие инвестиции да бидат целосно успешни, истакна Сорос.
Средствата за компаниите и проектите ќе се делат преку невладините организации на Сорос, а целиот профит потоа ќе биде наменет за фондови за бегалци и мигранти, како и за поддршка на организацијата Отворено општество која ќе креира програми токму за нив.
Планот го поддржа и Филипо Гранди, комесарот на одделот за бегалци при Обединетите нации кој посочи дека на овие лица им е неопходна помош за да стана финансиски независни и продуктивни.