28 Март, 2024
0.0234

Состанок на министри за земјоделство на ЈИЕ во Приштина

Објавено во: Агробизнис 16 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Денеска во Приштина Министерот за земјоделство се обрати на шестиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство на Југоисточна Европа. Министерот Димовски истакна дека во 2012 година Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија со гордост ја имаше улогата на претседавач на Постојаната работна група за регионален рурален развој на ЈИЕ. Според министерот најзначајното достигнување на македонското претседателство е проширувањето на членството во Советот на SWG. Тој со задоволство ги информираше присутните дека Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство на Федерацијата на Босна и Херцеговина од набљудувач повторно го доби статусот на членка. Со статус набљудувачи, на SWG му се приклучија следниве институции: Федералното Министерство за земјоделство, шумарство, животна средина и водостопанство на Австрија, Федералното Министерство за храна, земјоделство и заштита на потрошувачите и Министерството за рурален развој на Унгарија. И на крајот, Секретаријатот за земјоделство и шумарство на Војводина, изрази интерес да го обнови статусот на членка во Советот на SWG. Последен настан, истакна министерот Димовски, што беше организиран под претседателството на Македонија, одржан во Охрид, минатиот месец, беше Форумот за земјоделска политика 2012, настан кој има критична улога во зајакнување на развојот на земјоделството и руралните средини во ЈИЕ. Форумот 2012 беше посветен на имплементацијата на идните европски политики за земјоделство и рурален развој и нивното влијание врз земјите од ЈИЕ, но исто така се фокусираше на земјоделски практики кои водат грижа заживотната средина, климатските промени и регионалната соработка. Главна цел на овој состанок, на која освен министерските делегации од регионот, присуствуваа и претставници на Европската комисија, ФАО, ГИЗ и други донаторски институции, е регионалната соработка и реформите во секторот за земјоделство и рурален развој во насока на ЕУ интеграциите и претпристапната помош.

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи