19 Април, 2024
0.0231

Социјални мрежи

СОВЕТИ: Како да привлечете повеќе Facebook фанови кон вашата бизнис страница

Објавено во: Стил 14 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Дали некогаш сте се чуделе како да ги привлечете вистинските фанови на вашата Фејсбук страница?

Пред извесно време беше доста полесно, но сега рекламните трошоци постојано се зголемуваат, а вие сакате да бидете сигурни дека ќе избегнете лажните фанови или оние кои не комуницирате со вашиот бизнис. Значи кои се вистинските чекори во оваа насока, кои треба да ги преземете за да се зголемат посетителите на вашата бизнис страница на Facebook?

За да одговори на овие прашања, Неил Пател создал инфографика, во која многу лесно ќе ги најдете одговорите - чекор по чекор.

Како да се привлечете повеќе фанови на Фејсбук - накратко:

1. Пополнете ги сите достапни информации за бизнис во делот About

2. Поканете пријатели да станат дел од страницата (препораката ни е да ги изберете рачно. Поканете ги само на оние кои мислите дека ќе имаат интерес)

3. Популаризирајте го Facebook бизнис профил преку другите социјални мрежи како: twitter, google +, меил, instagram итн

4. Користете social plugins, преку кои ќе го вградите Facebook фан боксот во сајт.

5. Користете ја Facebook рекламата, за да се промовираат активностите меѓу целната публика. 

6. Вградете Like копче на видно место во сајтот - може и преку PopUp

Заклучок

Ако вашиот бизнис не располага со Facebook страница, дефинитивно треба да размислите за создавање на таква. Тоа е современиот главен начин да ја направите познат вашиот бизнис.

Важно е сепак и како гледате овој рекламен канал, бидејќи Фејсбук е токму тоа - рекламна платформа (исто како ТВ и радио), во која може да се постигне голема ефикасност на рекламата што се однесува до односот цена / перформанси.

Значи започнете со апликацијата на чекорите што ги видовте погоре во инфографиката и брзо ќе дојдете до нови вистински фанови, без да трошите којзнае колку средства.

Што уште може да предложите како ефективна практика за зголемување на фанската база?

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре