20 Април, 2024
0.0253

СОВЕТИ: Како најевтино да резервирате авионска карта?

Објавено во: Финансии 02 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Дваесет и девет годишниот Џек Шелдон од Тексас, основач на сервисот Jack’s Flight Club, им открил на читателите на Индепендент неколку начини за резервирање на што поевтини авионски летови.

Мажот кој од Велика Британија долетал до Белизе за само 20 евра го советува ова:

Избегнувајте директни резервации. Иако е најлесно да се резервираат авионски карти по пат на сајтот на авиокомпанијата, најевтини понуди всушност нудат бројни патнички агенции.

Издвојте доста време за пребарување. Повеќето луѓе поради работата и обврските не стигнуваат да поминуваат многу време во разгледување на понуди, што е голема грешка. Најдобри понуди често не се најочигледни, така да за евтина карта мора малку да се испотите.

Времето за резервирање карти е многу важно. Никогаш не купувајте авионска карта во екот на сезоната. Јануари и февруари се најдобри месеци кога планирате летување, додека најдобро време за купување карти за патување е во време на Божиќ.

Игнорирајте ги митовите. Во последните неколку години во интернетот се раширија гласини дека авиокомпаниите го следат вашето интернет пребарување, и секој нареден пат кога пристапите до нивните сајтови ја зголемуваат цената на картите. Меѓутоа, тоа е заблуда. Бришењето на „колачиња“ нема да помогне, како ни купување во одредени денови, или во моментот на објавување на редот на летање. Мит е и дека купување во последни моменти секогаш е најскапо-за споредба, авикомпанијата Томсон неодамна имала 'last-minute' понуда за повратна карта од Велика Британија до Доминиканската Република за 310 евра.

Прстите нека ви бидат што побрзи. Доколку дојде до грешка на некој сајт, или налетате не некоја специјална понуда, не двоумете се многу бидејќи таквите шанси траат од неколку часа до неколку дена. Исто така не вознемирувајте се од резервациите кога забелжите грешка на некој сајт бидејќи авиокомпаниите секако се должни да ви ги рефундираат уплатените пари во случај на непризнавање на купената карта.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин