19 Април, 2024
0.0272

Совети од блогерка гастербајтер кои се покажале како успешни

Објавено во: Стил 24 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Блогерка која инаку е гастербајтер споделува совети за сите оние кои сакаат да успејат во Германија и да се вработат. 

1. На прифаќајте работа помалку од она што вредите

Ако еден Германец не сака да работи за минималец, немојте ниту вие. Проверете кои се просечните плати за професијата со која се занимавате. Дури и ако очекувате нешто под просек, не одете премногу ниско. 

2. Не работете работи кои не се поврзани со вашата струка 

Ако сте надвор од струката или правите пауза, подоцна ќе ви биде многу тешко. Таа вели дека според нејзино искуство во Германија е важен континуитетот и целата приказна да биде заокружена. 

3. Бидете брзи и прецизни, но не работете прекувремено ако не морате

Бидете самостојни и работете ја својата работа брзо, а ако не морате, не останувајте прекувремено. Ако нешто не ви е јасно, подобро да запишете, отколку со месеци да прашувате за едно исто. 

4. Учете германски

Може да се најде работа и со англиски јазик, но тоа се високи менаџерски позиции, и затоа учете германски. 

5. Поминувајте повеќе време со Германците и другите странци 

Ќе научите многу, и ќе си го збогатите личниот и професионалниот живот. Секое искуство нема да биде убаво, но ќе ве направи побогати. 

6. Штедете

Почетокот не е време за трошење. Почекајте додека да си дозволите поголеми лускузи и патувања. 

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре