25 Април, 2024
0.0288

Совети за млади претприемачи во Велс: Како се заработува од стриптиз бар?

Објавено во: Стил 29 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Управата на Велс преку својот сајт им понуди совети на младите претприемачи, како да заработат од работење како стриптиз или од ваков бар, како и од управување на ескорт - агенција. Сајтот „Big Ideas Wales“ е наменет за совети и идеи за отпочнување сопствен бизнис, како и можности за создавање на контакти. Тој објави неколку успешни приказни и совети за зголемување на профитот. Но токму во овој сајт беше објавена идејата за „амбициозните кариери на можности", кои се кријат во секторот за возрасни. Од сајтот заинтересираните можеа да се информираат дека просечниот приход од вечер се проценува на 232 фунти, а годишната плата меѓу 24 000 и 48 000 фунти. Покрај тоа, корисниците кои се заинтересирани од основањето на компанијата за придружба(ескорт), можат да се најдат разни информации или совети на сајтот, како на пример како да ја продадат услугата: „Фирмата нуди придружба на клиентот за време на вечери, како што се бизнис вечери, театар и опера.“ Информативниот сајт информира дека клиентите обично се бизнисмени и самохрани жени кои бараат и порачуваат придружба за "поддршка" за забави и официјални настани. Раководството нагласува сепак, дека компанијата ќе биде казнета ако промовира придружба со цел проститутуција. Откако овие инфорнации се појавија на официјалниот сајт на Управата, надлежните сепак најавија истрага за оваа "грешка".

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти