СОВЕТИ: Заштедете 10% од месечните приходи
Објавено во: Финансии 03 Октомври, 2017
Според некои финансиски стручњаци, 10% од приходите месечно мора да се заштедат и веднаш да се тргнат на страна.
Но, и со другите 90% од парите треба умешно секој ден да ракувате за да ви остане нешто.
Не треба да готвите премногу храна која подоцна ќе се фрли. Планирајте што ќе готвите во следните неколку дена. Список при купување е добар механизам да се заштеди.
Одредете приоритети при купување и размислете дали некој производ и услуга ви е навистина потребен.
Редовно плаќајте ги своите сметки. Важно е финансиските обврски да се подмируваат редовно и ако е можно да се намалат.
Кога купувате електричен шпорет, водете сметка да има рингли кои одговараат на садовите кои дома ги имате.
Не отворајте прозорци додека климата дома ви е вклучена.
Кога патувате со автомобил, размислете на сите обврски кои попат можете да ги завршите.