Советник на Трамп е руски шпион, Путин ја плете мрежата?
Објавено во: Свет 24 Септември, 2016
Повеќе аналитичари поврзани со ЦИА тврдат дека во тимот на Доналд Трамп има повеќе експерти и функционери кои се поврзани со Кремљ и дека постои опасност да биле врбувани од тајните служби на Русија. Меѓу нив е и бизнисменот Картер Пејџ кој во Русија имал повеќе договори со различни компании.
Аналитичарите поврзани со ЦИА сметаат дека улогата на Пејџ е да издејствува укинување на економските санкции против Русија, а тоа ветување треба да го реализира Доналд Трамп доколку стане иден претседател на САД.
Разузнавачите откриваат дека Пејџ во текот на летото остварил повеќе средби со високи функционери во Москва, меѓу кои и со Игор Дивјакин, еден од главните советници на Путин за безбедност. Пејџ, како и кампањата на Трамп засега одбиваат да ги коментираат овие наводи.