Советник на турскиот премиер: Ќе ги пуштиме бегалците кон Европа!
Објавено во: Балкан 27 Октомври, 2016
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека нема да им пречи на бегалците да ја напуштат Турција и да тргнат кон Европа.
Тоа го потврди и Мехмет Акарджа, советникот на турскиот премиер Бинали Јилдирим за српскиот весник „Блиц“.
„Како инаку да реагираме? Зарем ЕУ очекува Турција сама да ги преземе последиците од бегалската криза? Зарем очекува Турција да плаќа, а Европа да дели пофалби ?-вели Акарджа.
ЕУ ветија парична помош и визна либерализација за турските граѓани, но ништо од тоа не е исполнето, посочува советникот на турскиот премиер.
Во меѓувреме, констатира тој, Турција стана прибежиште за три милиони бегалци, за кои досега се потрошени 15 милијарди евра.
Акарджа изјави дека постои можност бегалците повторно да тргнат кон Европската унија. Нешто повеќе, ако ЕУ не ги исполни своите обврски до крајот на годината, оваа опција е многу веројатна, вели советникот на турскиот премиер.