26 Април, 2024
0.0264

Советот на НБРМ воведува нова методологија за благајничките записи

Објавено во: Финансии 28 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

За време на денешната седница Советот на Народната банка на Република Македонија донесе нова Одлука за благајничките записи. Со неа се воведува методологијата за утврдување на потенцијалната побарувачка за тие записи. Како што укажа НБРМ, изминатиот период на аукциите е забележана значително повисока побарувачка за благајнички записи во однос на реално расположливите ликвидни средства кај банките, поради нивната намера да го зголемат сопственото учество во вкупниот износ на благајнички записи. „Согласно со поставениот механизам, доколку на ниво на вкупниот банкарски систем се утврди дека постои повисока побарувачка од потенцијалната, банките кои што аукцираат со повисоки износи од сопствениот ликвидносен потенцијал, ќе имаат обврска разликата во однос на потенцијалот да ја пласираат во депозити со рок на достасување од седум дена“, соопшти НБРМ. Според Народната банка, со новините од одлуката се очекува усогласување на понудата и побарувачката за благајнички записи и соодветно насочување на вишокот ликвидни средства во банкарскиот систем во земјава. „Во согласност со новините кај Одлуката за благајнички записи, направени се и дополнувања кај Одлуката за расположливи депозити со кои се овозможува пласирање средства во депозити со рок на достасување од седум дена во услови на повисока побарувачка за благајнички записи од потенцијалната“, стои во соопштението. Советот на НБРМ донесе и одлука за известување за пондерираните каматни стапки на дадени кредити и на примени депозити со која целосно се усогласува статистиката на каматните стапки со регулативата за статистиката на каматните стапки на ЕЦБ , а  ја измени и Одлуката за задолжителната резерва. Заради натамошно користење на расположливите инструменти, како и со цел да се поттикне поактивно користење на предностите коишто ги овозможуваат донесените макропрудентни мерки, е одлучено Народната банка да не плаќа надомест на задолжителната резерва. Усвоена е и Одлука за условите и начинот под кои резидентите можат да склучуваат кредитни работи во девизи и да вршат плаќања врз основа на тие кредитни работи.

Можеби ќе ве интересира

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот