25 Април, 2024
0.0303

Спас за Козјачија – Ќе спречиме изградба на рудник во кумановско

Објавено во: Македонија 24 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

По кревањето на повеќе граѓански иницијативи на југоистокот на Македонија против изградба на рудници слична организација наречена Спас за Козјачија се активираше во кумановскиот крај каде е доделена концесија за геолошки истражувања што може да води кон отворање на нов потенцијално штетен рудник. Еко свеста кај граѓаните, особено кај активистите за заштита на животната средина станува се поголема, нема никакви компромиси кога е во прашање здравјето и безбедноста на луѓето и сочувување на природата од отварање на рудници со површински копови како едни од најстрашните со директни долготрајни последици врз теренот. Токму овие аргументи како и многу други ги користат од Спас за Козјачија во нивната активност за анимирање на локалното население кое не треба да дозволи изградба на рудник во овој прекрасен крај.

Фактор: Неодамна ја формиравте неформалната иницијатива „Спас за Козјачија“. Кажете ни повеќе информации која е вашата главна цел и дали активностите се инспирирани од своевидното будење на Македонија против изградба на нови рудници кои се потенцијално опасни за животната средина?

Спас за Козјачија: Неформалната граѓанска иницијатива „Спас за Козјачија“ пред себе има една и единствена цел – спречување на евентуално отворање на рудник за бакар и злато по течението на реката Петрошница, на планината Козјак. Истата е започната како непартиска иницијатива, составена од млади луѓе од различни профили што ги поврзува интересот за еколошка и здравствена добробит на граѓаните.  Секако, појавата на нашата иницијатива треба да се гледа во контекст на поголемата слика со будењето на еколошката свест на граѓаните во Македонија во последните години.

Фактор: Со какви информации располагате за тековните геолошки истражување во Старо Нагоричане и поширокиот реон?

Спас за Козјачија
: Можеме слободно да кажеме дека иницијативата на Гевгеличани за референдум против рудниците на планината Кожуф беше таа што не разбуди од зимски сон, терајќи не подетално да истражиме какви се концесии за детални геолошки испитувања во Македонија се доделени и за каков тип на рудници се работи. На наше изненадување, откривме дека еден таков рудник се подготвува во близина на нашиот град Куманово, во општината Старо Нагоричане. Информациите со кои што располагаме се рудиментарни и штури бидејќи деталните геолошки истражувањата сеуште не се готови. Се знае локацијата и површината на концесијата. Сепак секоја информација што ја добиваме првин критички ја анализираме за да востановиме дали постои изразит бенефит или штета од неа. 

Она што најмногу иритира е тоа што државата воопшто не ги зема во предвид сопствените акциони планови и студиите на невладините еколошки организации. Во Националната стратегија за заштита на природата од 2016 година изразито е споменато дека големите површински копови за експлоатација на рудни и минерални суровини претставуваат сериозна закана и загрозување на релјефот. Козјачија претставува чувствителен регион подложен на силна ерозија, додека пак Македонската национална еколошка мрежа (МАК‐НЕН) ја третира областа како подрачје за ревитализација. 

Претставува енигма како е можно некој воопшто да дозволил подрачје што е дел од Националната Емералд мрежа на Подрачја од посебен интерес за заштита (ASCI) и се наоѓа на 5 километри воздушна линија од заштитениот со закон строг природен резерватлокалитетот Плоче – Литотелми, да биде предмет на дебата за или против рудник. 

Просторниот план на Република Македонија предвидува уредувачки мерки на туристичко-рекреативните локалитети во Кумановско и заштита на геотермалните појави во Старо Нагоричане. Постои ли рационален одговор како е можно тоа да биде усогласено со евентуална изградба на рудник за злато и бакар со отворен коп, идентификуван како Г1 тешка и загадувачка индустрија?

Фактор: Дали за да избегнете ситуации како во Дојран и Валандово уште сега би започнале иницијатива за одржување на граѓански референдум на кој би била изразена волјата дали да се градат или не нови рудници?

Спас за Козјачија: Нашата стратегија е првин да видиме како новата влада ќе се постави по прашањето за отворање рудници во Македонија. Додека сме во исчекување на ветениот одговор, а земајќи во предвид дека на есен ќе има локални избори, за сега целта ни е да ги анимираме граѓаните на општина Старо Нагоричане за негативните ефекти од рудникот по здравјето на луѓето и целиот еко-систем и преку тоа да влијаеме истите да бараат ставови, ветувања и одговори од кандидатите за градоначалници и советници. Не исклучуваме дека, доколку се продолжи со форсирање на отворањето на рудникот на реката Петрошница, ќе бараме од новиот совет да предложи локален референдум по тоа прашање. Доколку бидеме одбиени ќе започнеме со процедура за собирање на потписи. Сепак референдумското изјаснување претставува најдобар начин за практикување директна демократија и почитување на волјата на граѓаните.

Фактор: Процедурата за една компанија да добие дозвола за експлоатација на минерални богатства опфаѓа и јавна дебата со локалното население, дали ќе бидете постојано активни во делот на информирање на вашите сограѓани со цел да ги знаат сите аргументи со кои располагате?

Спас за Козјачија: Веќе бевме на терен и разговаравме со месните жители во селата Бајловце и Аљинце. Тоа е ретко населен, рурален, сиромашен и земјоделски крај. Луѓето се занимаваат со сточарство или берат печурки по околните ридови. Нашите намери се да продолжиме во истиот правец и во иднина, и пред жителите на Козјачијата да ги предочиме нашите ставови и аргументи зошто сме против евентуалната изградба на рудник. Ветуваме дека нашиот глас ќе допре до секоја загрозена индивидуа и дека транспарентно ќе бидат пренесени сите новодобиени информации. Јавната дебата секако нема да биде заобиколена од наша страна, се планираат и трибини, проекции и сл.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг