20 Април, 2024
0.0338

Спасовски: Граѓаните да бидат мирни, безбедноста во Куманово е стабилна

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Безбедносната состојба во Куманово е стабилна, порача министерот за внатрешни работи,  Оливер Спасовски денеска по посета на СВР Куманово во рамки на посетите кои се реализираат во секторите за внатрешни работи во државата.  

„Ни претстои период кој е сензитивен и треба да одговориме на задачата да се сочува мирот и безбедноста, но и да обезбедиме услови за фер и демократски избори. Овој сектор е од особено значење и за справувањето со мигрантската криза. Безбедносната состојба во Куманово е стабилна и граѓаните треба да бидат спокојни, затоа што овој сектор е во добра кондиција“ - рече Спасовски.

Спасовски рече дека на овој сектор му се потребни повеќе полицајци и материјално - технички средства. Вели генерално државата треба да одвои повеќе пари за МВР. 

За ситуацијата со мигрантите на граничниот премин Табановце кажа дека во моментов западно-балканската рута не функционира и нема проток на мигранти, но проблем се криумчарските канали и илегалните минувања. 

„Пред неколку дена во селото Лојане беа откриени 35 мигранти што ги чувале како заложници. Од СВР Куманово ме информираа денеска дека се преземаат сите можни мерки да се справиме со таквата состојба, меѓутоа генерално мигрантската криза ќе биде решавана на начин на кој што ќе биде понудено решение од страна на Европската унија“ - додава Спасовски

Тој ги посетува секторите за внатрешни работи, со цел одблиску да се запознае со моменталните состојби и проблемите со кои се соочуваат. 


Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра