Спасовски: СЈО има две судски наредби, законот мора да се почитува
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2016
Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повод најновите случувања во УБК вели дека законот мора да се почитува, а судските наредби мора да се спроведат за да може на СЈО да му се овозможи да ја заврши својата работа.
Спасовски за забраната и проверката на документациите на СЈО од вработен во МВР, најави детална истрага на отсекот на внатрешната контрола на МВР.
„СЈО има две судски наредби, една за одземање документација и уште една за одземање на електронски податоци од системот за прислушување за обезбедување на докази во одредена кривично-правна постапка. Директорот на УБК вчера првично одби да ги прими обвинителите, а веднаш по влезот се пристапи кон обезбедување на доказите од едната наредба, додека за втората се бараат технички можности со цел до крај да се реализираат“ - изјави Спасовски.
Тој вели дека СЈО мора да ги расчисти
состојбите околу нелегалното
прислушување, а тоа е од интерес на
граѓаните на Македонија и на државата.